КоССев: Косовските специјалци се повлекуваат од Бањска и Звечане

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција се повлекуваат од селото Бањска кај Звечане и ќе бидат заменети со припадници на интервентна единица, јави косовскиот портал на српски јазик КоССев, повикувајќи се на заменик командантот на полицијата за северниот регион, Ветон Елашани.

Според Елшани, во областа каде што на 24 септември беше нападната косовската полиција од група од неколку десетици вооружени Срби, при што беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца од напаѓачите, одсега натаму ќе има помалку полиција, а секојдневно ќе бидат присутни противпожарни единици.

– Тие (специјалната полиција) се заменети со друга единица – со интервентна, и сега ќе видиме дека ќе има помалку полицајци. Се расчистуваат патиштата и се надеваме дека животот полека ќе се нормализира, рече Елшани.

Треба да знаете
Последни објави