Еден пензиониран пар од Австралија решил да помине скоро 500 дена на море откако резервирал 51 последователно крстарења. Го обиколија светот затоа што, велат, било поевтино од одење во старечки дом.
Марти и Џес Ансен го започнаа своето прво крстарење на 16 јуни 2022 година, по две години тешки ограничувања поради пандемијата „Ковид-19“ во Австралија и продолжуваат со крстарење, едно по друго. Постарата двојка била на бродот „Принцес“ со 2.000 патници повеќе од 450 дена – подолго од повеќето членови на екипажот, вклучувајќи ги и капетаните.
Двојката тврди дека е поевтино да крстарат по светот две години отколку да платат дом за стари лица, пренесува Прототема. Тие велат дека предностите на таквиот начин на живот се тоа што секогаш има што да се прави, од танцување до вечера, а собарката им ја чисти кабината.
Џес особено ужива во танцување во сала за танц, додека Марти ужива во дружењето со другите патници. Нивното патување ќе трае уште осум месеци, но планираат да се качат на уште поголем брод за крстарење и таму да поминат една година. Што се однесува до нивното семејство, велат дека ги гледаат кога застануваат на пристаништата во близина на нивните домови