Советот на европски полициски синдикати (ЦЕСП) јавно го поздрави зголемувањето на платите на македонската полиција

Советот на европски полициски синдикати на својата Фејсбук страна јавно ја поздрави одлуката за зголемувањето на платите за 10%, која денеска е веќе исплатена на вработените на Министерството за внатрешни работи од Република Северна Македонија, чија членка е Македонскиот полициски синдикат.

„Дополнително зголемување на платите на нашите колеги, Македонски полициски синдикат преку конструктивен социјален дијалог со надлежното Министерство, Conseil Européen des Syndicats de Police – CESP ќе продолжи да го следи напредокот на своите членови“, се вели во објавата.

Инаку, ова е петто зголемување на платата за сите вработени во МВР во последните 6 години, а дополнителни четири зголемувања беа реализирани за одредени категории работни места, со што се спречи одливот на вработени од овие организациски единици.

Воедно, во овој период навремено беше реализирана и исплатата на 6 бонус плати за вработени за над 150 часови прекувремена работа во претходната година.

Треба да знаете
Последни објави