Шпанскиот фудбалски првак Барселона го продолжи денеска договорот со својот 16-годишен напаѓач Ламин Јамал до лето 2026 година, а во договорот е внесена отштетна клаузула од една милијарда евра.
Јамал дојде во Барселона на седумгодишна возраст, а во април годинава стана најмладиот фудбалер кој настапил во шпанската Ла Лига со 15 години, девет месеци и 16 денови.
Минатиот месец Јамал, воедно, стана и најмладиот играч во историјата кој го облекол шпанскиот дрес и беше стрелецот во победата од 7-1 над Грузија.