Македонскиот претставник во женскиот ракометен Европски куп, Ѓорче Петров во третото коло од ова натпреаврување ќе се соочи со Ојпен од Белгија. Вака одлучи денешната ждрепка во Виена. Првите натпревари од третото коло ќе се играат на 11/12 ноември, а возвратните дуели на 18/19 ноември 2023 година.
Македонскиот тим за пласман во 3. коло забележа две победи против црногорскиот Тиват, а белгискиот го елиминира Жалгирис Каунас (36:27 и 27:29).
Холандскиот Венло кој го елиминираше ЖРК Чаир за ривал го доби тимот на Криваја од Босна и Херцеговина, а швајцарскиот Херцогенбуше кој беше подобар од ЖРК Куманово, во следната фаза ќе се соочи со Ајдовшчина од Словенија.