Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.
Тие ја истакнаа посветеноста на трансатлантското партнерство и силните односи меѓу САД и Шведска, соопшти Стејт департментот.
Двајцата дипломати разговараа за последните подготовки за прием на Шведска во НАТО, како и за начините за продлабочување на економската и технолошката соработка, се додава во соопштението.
– Со нетрпение очекуваме да ја пречекаме Шведска во НАТО и да ја продолжиме нашата блиска соработка за глобалните прашања, напиша Блинкен на Х