За Ковачевски во ВМРО-ДПМНЕ има еден мал и еден голем Груевски

Кога ќе ги погледнете ставовите ќе видите дека таму во ВМРО-ДПМНЕ се работи за мал Груевски и голем Груевски бидејќи немаат различни политички ставови во однос на изолацијата на државата, јас не можам да се мешам во друга политичка партија, меѓутоа курсот што го имаат воопшто не се разликува од тоа што беше 11 години, ја држеа државата во изолација, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервју на Сител Телевизија.

Премиерот смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е против интеграцијата на ЕУ и по тоа воопшто не се разликува од неговиот претходник Никола Груевски.

„Вие погледнете го ставот на сегашниот претседател на ВМРО ДПМНЕ, тој е против интеграција на државата во ЕУ, тој цело време наоѓа изговори. Нема став, не покажува одлучност и веројатно поради тоа им се отвора таа дебата во однос на тоа кој е малиот кој големиот Груевски во ВМРО – ДПМНЕ“ рече Ковачевски.

Во однос на следните претседателски избори, Ковачевски порача дека на нив со сигурност ќе победи кандидатот предложен од неговата партија СДСМ, и како што рече, проевропската коалиција, но додаде дека во партијата се уште не се разговарало за конкретно име. 

Треба да знаете
Последни објави