Возбудувањата во елитното клупско фудбалско натпреварување во Европа денеска продолжуваат со мечевите од 2. коло во групите А, Б, Ц и Д од Лигата на шампионите. Пресметката меѓу италијанскиот првак Наполи и најтрфејниот со титули од ова натпреавруваљње шпанскиот Реал Мадрид го привлекува вниманието. Средбата се игра во Неапол на стадионот „Диего Армандо Марадона“ со почеток вом 21 часот.
Наполи за ког настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Реал Мадрид победнички стартуваа во новата сезона од ЛШ. Елмас не се изнаигра на почетокот од сезоната, тој добива мала минутажа од новит тренер Руди Гарсија, па се очекува на вечерашниот меч да чека шанса од клупата.
Фудбалскиот ден ќе започне со дуелите Салцбург – Реал Сосиедад и Унион Берлин – Брага од 18.45 часот.
Останатите мечеви се играат од 21 часот: Интер – Бенфика, Копенхаген – Баерн Минхен, Ленс – Арсенал, Манчестер јунајтед – Галатасарај и ПСВ – Севиља.
Преостанатите мечеви од 2. коло се играат утре: Атлетико Мадрид – Феенорд, Антверпен – Шахтар (18.45 ч.), Дортмунд Борусија – Милан, Њукасл – ПСЖ, Селтик – Лацио, Црвена звезда – Јанг Бојс, Порто – Барселона и Лајпциг – Манчестер сити (21 ч.).