Триесет и три години од обединувањето на Германија

Со концерт во филхармонијата Елба во Хамбург денеска ќе биде одбележан националниот празник, 33-годишнината од обединувањето на Германија.

На 3 октомври 1990 година комунистичка Источна Германија се приклучи на Сојузна Република Германија, создавајќи обединета германска држава првпат од 1945 година.

Оваа година Хамбург е избран за прославите бидејќи градот, кој има статус на покраина моментално е седиште на Бундесратот, Горниот дом на германскиот Парламент.

На официјалната церемонија во филхармонијата Елба говор ќе има претседателот на германскиот Уставен суд, Стефан Харбарт, пред околу 1.300 луѓе, вклучително и главните национални политички лидери и премиерите на 16-те сојузни држави.

Во црквата Свети Михаил ќе се одржи богослужба, а двата настани ќе бидат директно пренесувани на националната јавна телевизија.

Прославата почнаа вчера со голема забава околу градското собрание и езерото Алстер. 

Треба да знаете
Последни објави