Фудбалерите на Ал Хилал добија наредба да го напуштат Иран

Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија им нареди на своите клубови да го напуштат Иран.

Натпреварот од Лигата на шампионите во Азија помеѓу Сепахан и Ал Итихад пред 60.000 луѓе е откажан, а Насаји Мандаран и Ал-Хилал се чини дека нема да го одиграат натпреварот кој на програмата е денеска во 18 часот.

Најголема ѕвезда во тимот на За Ал Хилал е Бразилецот Нејмар.

Да потсетиме, фудбалерите на Ал Итихад не сакаа да излезат на теренот поради присуството на статуата на иранскиот генерал Касем Сулејмани на стадионот. Саудиска Арабија го смета Сулејмани за терорист.

Присутни се тензиите меѓу двете земји, а од 2016 година клубовите од Саудиска Арабија и Иран меѓусебните натпревари ги играат на неутрален терен.

Инаку, Ал Наср на Кристијано Роналдо беше првата саудиска екипа која оваа сезона играше во Иран, во Техеран и го совлада Персеполис во натпреварот од Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави