Бајден видео конференциски разговараше со лидерите на ЕУ, НАТО и сојузниците за продожување на поддршката за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска преку видеоконференциска врска разговараше со лидерите на сојузничките земји, Европската унија и НАТО за продолжување на координираната поддршка за Украина, соопшти Белата куќа. 

Британските медиуми пренесуваат дека Бајден разговарал со лидерите на Канада, Германија, Италија, Јапонија, Полска, Романија, Велика Британија и Франција, како и со лидерите на НАТО, Европската комисија и Европскиот совет.

Полскиот претседател Анджеј Дуда во текот на разговорот кажал дека Бајден ги уверил лидерите на Г7 и европските земји за континуираната поддршка на Вашингтон за Украина. 

-Тој не увери дека продолжува поддршката за давање помош на Украина, особено воена. Тој рече дека таа поддршка ќе ја обезбеди во Конгресот, рече Дуда на прес-конференција.

Бајден разговараше со лидерите на сојузничките земји, ЕУ и НАТО откако американскиот Конгрес го усвои, а Бајден го потпиша законот за буџет, со кој беше отфрлено барањето на Бајден да и се обезбеди помош на Украина во износ од неколку милијарди долари. 

Треба да знаете
Последни објави