Воспитувачка во градинка им давала на децата да пробуваат електронска цигара – децата се пожалиле на болки во градите

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари, објави Телма телевизија.

Тоа траело извесно време се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало. Тие пак со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која што веднаш ја суспендирала од работното место и покренала дисциплонска постапка.

„Информнацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјави за Телма Маја Велинова директорка на градинката.

Треба да знаете
Последни објави