Двајца сириски војници се ранети во израелски воздушен напад

Двајца војници се ранети вчера по израелски воздушен напад врз позиции на сириските вооружени сили во близина на источната сириска провинција Деир ал-Зор, јавија денеска сириските државни медиуми, повикувајќи се на воени извори.

„Околу 23 часот и 50 минути на 2 октомври, израелскиот непријател изврши воздушен напад врз некои од позициите на нашите вооружени сили во близина на Деир ал-Зор, при што двајца војници се ранети и има материјални загуби“, соопштија сириски воени извори, пренесува Хина.

Израелската армија се уште не ги коментираше овие наводи. 

Треба да знаете
Последни објави