Тренерот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Симоне Инзаги, ги искажа своите очекувања за претстојниот натпреварот со Бенфика во рамките од 2. коло во групната фаза од Лигата на шампионите. Натпреварот се игра вечерва од 21 часот во Милано.
– Секако дека ќе биде тежок натпревар. Ќе се соочиме со тим кој игра со многу висок интензитет и кој, како и ние, ги има добиено сите натпревари во националниот шампионат со исклучок на еден. Ова е многу изедначена група и ќе биде натпревар на две големи екипи, изјави Инзаги.
Покрај Интер и Бенфика, во групата Д се и екипите на Сосиедад и Салцбург кои вечерва играат меѓусебе.



