Иницијативата за сите средношколци да имаат бесплатен јавен превоз пред Уставен суд

Иницијативата за оценување на уставноста на сегашните одредби во Законот за средното образование, поточно член 41-а  е на дневен ред на денешната 35. седница на Уставниот суд.

Подносителот на иницијативата Лука Павиќевиќ наведува дека со оспорениот член од Законот за средното образование се дискриминирани учениците во приватните средни училишта во поглед на правото на користење на јавниот превоз, иако според Уставот образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Дополнително оспорен е и членот со кој се овозможува бесплатен јавен превоз само на учениците чиешто живеалиште е оддалечено од училиштето над 2,5 километри.

Уставните судии на денешната седница ќе дискутираат по иницијативите со кои се оспорени член 24 став 1 од Законот за измена и дополнување на Законот за здолжително капитално финансирано пензиско осигурување во делот „или во текот на осигурувањето имале стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење”, член 5 од Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, Одлуката со која се утврдува нивото на гравитирање на јавните паркиралишта, катни гаражи и јавни површини наменети за паркирање на привилигирани категории корисници, јуни 2022 година од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Градски паркинг-Скопје, Одлуката за дополнување на одлуката со архивски број 02/134/6 од 28 февруари 2020 година донесена од Управниот одбор на 2 јуни 2022 година, Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012г. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016, како и Упатството за доставување податоци и информации за платежната статистика. 

Треба да знаете
Последни објави