Оперативците на Службата за државна безбедност на Азербејџан го уапсија Араик Харутјуњан, поранешен лидер на регионот Нагорно-Карабах, јавија азербејџанските медиуми.
Тој моментално е во транзит кон Баку.
Претходно денеска државната агенција на Азербејџан објави дека азербејџанските безбедносни сили уапсиле двајца поранешни водачи на Нагорно-Карабах, Аркадиј Гукасјан и Бак Сакјан, како и Давит Ишкањан.