Денеска стапи во сила забраната што ја воведе Норвешка за влез на автомобили регистрирани во Русија.
Норвешкото Министерство за надворешни работи најави воведување забрана за влез на руски автомобили на 29 септември.
Министерството соопшти дека мерката се однесува на патнички автомобили со девет или помалку седишта.
Од забраната се изземени автомобилите во сопственост на државјани на Норвешка или земји од европската економска област, кои постојано живеат во Русија, и нивните роднини. Исто така, ограничувањата не се однесуваат на дипломатскиот транспорт и автомобилите на меѓународните организации.
Вчера, Бугарија најави слична мерка за возилата регистрирани во Русија, а забраната стапи во сила истиот ден.
Во исто време француската амбасада ги демантира информациите дека Французите се приклучиле на забраната за автомобили со руски регистерски таблички, што укажува дека прашањето сè уште се разгледува.