Полска од полноќ воведува привремени контроли на границата со Словачка

Полска од полноќ ќе воведе привремени проверки на границата со Словачка, најави денеска полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.

Од денеска на полноќ ги враќаме привремените гранични контроли на словачката граница. Ќе ги провериме документите на оние кои влегуваат во Полска, истакна Камински.

Тој додаде дека мерката ќе биде во сила 10 дена.

Треба да знаете
Последни објави