Надвозникот што ја поврзува населбата Даме Груев со Ѓорче Петров е во прилично лоша состојба.
На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледаат дупки на пешачките патеки, како и одронат бетон од оградата на мостот, што може да ги доведе во опасност пешаците но и велосипедистите кои минуваат низ него.
Граѓаните на социјалните мрежи бараат градоначалникот на општина Ѓорче Петров, но и градоначалничката на Град Скопје да преземат мерки за санација додека се уште не се случила некаква трагедија.