Велика Британија и Ирска домаќини на Европското првенство во 2028 ?

Велика Британија и Република Ирска ќе бидат домаќини на Европското фудбалско првенство кое ќе се одржи во 2028 година. Ова станува извесно откако Турција се откажа од кандидатурата, по што островските земји остануваат единствени кандидати. 

Турција беше сериозна во намерата да биде првпат домаќин на континентален собир, но причините за откажувањето сѐ уште не се познати. Сега се очекува само официјалната потврда од УЕФА дека Велика Британија и Република Ирска ќе бидат ко-домаќини на Европското првенство. 

Следниот шампионат на „стариот континент“ се игра следната година во Германија, а актуелен првак е репрезентацијата на Италија, која сѐ уште го нема обезбедено пласманот на Европското првенство во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави