Објавена снимката од страшна несреќа на суперавтомобили на Сардинија: Загина швајцарски пар

Двајца швајцарски туристи (63 и 67 години) загинаа кога автомобилот Ферари што го возеле на магистралниот пат „195 Сулцитана“ на југот на италијанскиот остров Сардинија, по судир со Ламборџини во кој учествувале неколку возила, излетал од патот, се превртел и сe запалил. Швајцареците не можеле да излезат од запалениот автомобил, а на крајот изгореле до смрт.

Сега е објавена снимка од шокантниот момент кога автомобил на швајцарската двојка удри во автомобил на друг пар додека возилата се обидуваа да поминат над превртениот кампер.

Полицијата во Сардинија го потврди идентитетот на жртвите како Маркус и Мелиса Краутли од Валиселен во близина на Цирих. Краутли работел во семејната логистичка компанија Краутли, која има канцеларии во Белгија, Швајцарија и Португалија.

Индискиот пар кој учествуваше во несреќата, кој излезе неповреден, е идентификуван како боливудската актерка Гајатри Џоши и нејзиниот сопруг Викас Оберои. Тие патувале во Ламборџини кое доживеало судир со Ферарито и камперот на Краутли.

Швајцарските туристи се најдоа на југот на италијанскиот остров бидејќи учествуваа во повеќедневната автомобилска тура „Суперавтомобилско искуство во Сардинија“. Брачниот пар Краутли имал 67 и 63 години, а за жал изгореле во сообраќајна несреќа.

Брачната двојка од камперот е повредена и пренесена во болница.

„Лежевме странично на нашите седишта. Молчевме за момент во неверување. Потоа ја погледнав сопругата во очи и ја прашав дали е добро. Таа кимна со главата”, изјавил Лоренцо М. за италијанските медиуми. Двојката успеала да се провлече меѓу седиштата и да избега од возилото.

„Кога излеговме, мислевме дека сме во пеколот“, додаде Лоренцо. Ферарито беше во пламен, а се слушаа и крици.

Тамошните власти заплениле остатоци од три возила додека трае истрагата.

Треба да знаете
Последни објави