Предлог Законот за помилување е доставен во владина процедура

​Министерството за правда го достави Предлог Законот за помилување во владина процедура.

Министерството за правда минатата година формираше работна група составена од претставници од релевантните институции од правосудството, како и претставници од Претседателот на Република Северна Македонија и од научната фела. При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства од кои посебно се значајни решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

​Причините за донесување на Законот за помилување, пред се,  произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања кои се предлага да бидат регулирани со новиот Закон.

Постојниот Закон за помилување беше донесен во 1993 и истиот претрпе бројни измени и дополнувања, а одредени одредби беа укинати од страна на Уставниот суд.

Клучните новини содржани во Предлогот на законот се:

Прашањето за правото на Претседателот да помилува лица од казна и од кривично гонење беше едно од најекспонираните прашања за што работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица.

Мошне значајни се и решенијата со кои е детално разработена постапката за помилување каде се предвидени кратки рокови за секоја од иснтитуциите кои се вклучени во постапката за помилување. Притоа, тука се значајни и конретните одредби за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, но и на нивните претпоставени.

Треба да знаете
Последни објави