Анчелоти за Белингем вели дека има 20 години, а изгледа како 30-годишник поради неговиот карактер и личност

Тренерот Карло Анчелоти на најтрофејниот тим со освоени титули во елитното европско клупско натпреаврување, шпанскиот Реал Мадрид, е импресиониран од игрите на играчот од средниот ред Џуд Белингем оваа сезона.

Во натпреварот од 2. коло од групната фаза во новото издание на Лигата на шампионите, Реал Мадрид синоќа го совлада како гостин италијанскиот Наполи (2:3). Англичанецот Белингам постигна гол и имаше асистенција. Фудбалерот од средниот ред има одиграно девет натпревари за Реал Мадрид оваа сезона и постигна осум гола.

– Изненаден сум што има 20 години, изгледа како да е 30-годишник поради неговиот карактер и личност. Тој знае што треба да направи. Овој квалитет и оваа сила се разбира, малку ги изненадува сите, изјави Анчелоти, за „AS“.

Белингем дојде во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Трансферот чинеше 103 милиони евра. 

Треба да знаете
Последни објави