Казни за користење имиња на познати лекари за рекламирање: Казна од речиси 7 000 евра за 34-годишник и неговата фирма

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице, кои се обвинети за три кривични дела – Злоупотреба на лични податоци од Кривичниот законик.

Обвинетиот 34-годишник, како одговорно лице во правното лице, во периодот од ноември 2022 до април 2023 година, спротивно на условите утврдени во член 10 и член 96 од Законот за заштита на лични податоци, без согласност на тројца оштетени лекари, ги користел нивните лични податоци – слика, име и презиме за он-лајн продажба на два производа.

Личните податоци на секој од оштетените лекари биле злоупотребени како тие со својот професионален авторитет да ги рекламираат и препорачуваат чаевите Паразол (Parazol) и Хипертеа (Hypertea), кои на територијата на државава ги увезувало и дистрибуирало обвинетото правно лице.

Познатиот микробиолог проф. д-р Никола Пановски пред некој месец апелираше до граѓаните да не купуваат препарати кои наводно тој ги рекламира бидејќи се работи за злоупотреба на неговото име. Во слични реклами подолго време се појавуваше и кардиологот Сашко Кедев.

Треба да знаете
Последни објави