Фудбалерот на Интер, Лаутаро Мартинез нема намера да го напушти миланскиот клуб, тврди менаџерот на аргентинската репрезентација Алехандро Камано, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер е прв во табелата во Серија А со 18 бодови, исто толку колку и второпласираниот Милан. Мартинез е прв на листата на стрелци во Серија А со девет гола.
„Лаутаро е среќен, сака да биде дел од проектот на Интер, кој е навистина амбициозен“. Тој има одличен однос со соиграчите и со сите останати. Впрочем, тој е долгорочен проект на еден од најдобрите клубови во Европа и е среќен во приватниот живот, заедно со семејството“, изјави Камано.
Мартинез (28) е член на Интер од 2018 година, а има договор со клубот до 30 јуни 2026 година. За миланскиот клуб одигра 245 натпревари и постигна 112 гола.