Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денес го објави списокот со повикани фудбалери за квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Украина (14 октомври) во Прага и контролниот меч против Ерменија во Струмица (17 октомври).
На списокот на Милевски се наоѓаат 25 фудбалери:
Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски и Игор Алексовски.Одбрана: Висар Муслиу, Тодор Тодоровски, Никола Серафимов, Јован Манев, Езѓан Алиоски, Бојан Димоски, Ахмет Иљазовски, Стефан Ашковски. Среден ред: Енис Барди, Елиф Елмас, Аријан Адеми, Јани Атанасов, Агон Елези, Давид Бабунски, Исник Алими. Напад: Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Ваљон Етеми, Љупче Дориев, Александар Трајковски, Димитар Митровски.
Подготовките за овие средби почнуваат на 9 октомври во Скопје. Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Милевски е оптимист во пресрет на дуелите со Украина и Ерменија
– Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера, изјави Милевски.
„