Најмалку 21 лице загина, а околу дваесет се повредени во страшна несреќа во Италија. Ужас се случи кога автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција и се запалил. Италијанските медиуми јавуваат дека меѓу загинатите има и еден хрватски државјанин.
Автобусот го управувал Алберто Ризото, 40-годишник од Тревис, кој исто така загинал во несреќата. Непосредно пред тоа на Фејсбук објави фотографија на која се гледа како престојува во кампот Ху во Маргера, со натпис „Шатл до Венеција“, пренесува Слободна Далмација.
Un’immane tragedia ha colpito questa sera la nostra comunità.
— Luigi Brugnaro (@LuigiBrugnaro) October 3, 2023
Ho disposto da subito il lutto cittadino, in memoria delle numerose vittime che erano nell’autobus caduto.
Una scena apocalittica, non ci sono parole. pic.twitter.com/APnsQoPMkL
Италијанските медиуми објавија како се случила несреќата: автомобили во колона на надвозникот и автобус меѓу нив прави чудно движење, поставените камери на патот снимаат како се движи со „преголема брзина“. И конечно паѓа на десната страна.
Сведоците опишале што се случило со автобусот во секунди пред несреќата и сите се согласиле дека има нешто чудно во тоа, што во тој момент немало смисла. Токму затоа се споменува можноста возачот да заспал или да му се слошило. Точниот одговор ќе го даде анализата на видеото од камерата која се наоѓала во автобусот.