Политано: Наполи доминираше со Реал во вториот дел, многу сме разочарани од резултатот

Фудбалерот на Наполи, Матео Политано смета дека неговиот тим не заслужи пораз од Реал Мадрид (2:3) во синоќешниот натпревар од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Ние сме разочарани. Реал Мадрид е одличен, но ние одигравме на нивно ниво. Почнавме добро, па застанавме десетина минути. Доминиравме во вториот дел, па сме многу разочарани од резултатот, изјави Политано за веб-страницата на УЕФА.

Реал Мадрид со шест бода е лидер во групата Ц. Наполи со три бода е на второто место.

Во следното коло, Наполи ќе игра со Унион Берлин, додека Реал Мадрид ќе се сретне со Брага.

Треба да знаете
Последни објави