Поплавите создадоа целосна апокалипса: десетици војници исчезнаа во невремето во Индија

Дваесет и тројца припадници на индиската армија се прогласени за исчезнати во поплава предизвикана од силно невреме во североисточната држава Сиким во североисточна Индија, соопшти денеска портпаролот на Министерството за одбрана.

Дождот ја зафатил долината на приближно 150 километри северно од Гангток, главниот град на државата Сиким, кој се наоѓа недалеку од границата со Кина, пренесува „Ројтерс“.

„Некои воени објекти во долината се погодени од поплави и во тек се напори да се утврди билансот на оваа катастрофа“, рече портпаролот на Министерството за одбрана во градот Гувахати.

Делови од националниот автопат 10, што ги поврзува Бенгал и Сиким, беа целосно однесени од поплавата, а од поплавата беше уништен и мост, објави весникот „Индија тудеј“.

Треба да знаете
Последни објави