Припадниците на ЕБР при МВР и БСС „Волци” при АРСМ реализираа заедничка вежба како резултат на реализираната обука за летна алпинистика и јазење

Припадниците на Единицата за брзо распоредување при БЈБ на МВР во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Северна Македонија.
Како резултат на спроведената обука, во периодот од 26.09.2023 до 03.10.2023 година беше извршена подготовка за завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”. Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија, на која покрај припадниците на ЕБР и БСС „Волци”, како учесници, присуствуваа и раководните старешини од единицата во состав на БЈБ-МВР и баталјонот при АРСМ.
Успешно реализираната вежба и драгоценото заедничко искуство покажа дека соработката на единиците во извршување на ваков вид на обуки и заеднички вежби е на многу високо ниво, што се очекува да се демонстрира и во реални услови при извршување на заедничките задачи.

Треба да знаете
Последни објави