Канатларовски: Мора да ја победиме Молдавија ако сакаме да останеме во игра за прво или второ место во групата

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година на 17 октомври ја очекува квалификациски натпревар против Молдавија во Кишинев. Ова ќе биде трет меч за македонските надежи во квалификациската група за Европското првенство и според селекторот Драги Канатларовски – Цапар истиот треба да се добие за да се остане во трката за едно од првите две место во групата.

– За претстојниот натпревар со Молдавија нема да има премногу промени во играчкиот кадар во однос на претходните мечеви, во моментов тоа се играчите со кои можеме да располагаме. Одредена група на играчи последниов месец не играат многу за своите екипи, но се одлучивме да ги повикаме поради одличната атмосфера што владее внатре во самата репрезентација. Од играта на дуелите со Шведска и Холандија сме задоволни. Пред нас имаме нов, предизвик, нов натпревар од кавилификациите против репрезентацијата на Молдавија. Се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам и со позитивен резултат ќе се вратиме дома. Дуелот против Молдавија е од огромно значење.. Доколку сакаме да бидеме на едно од првите две места во нашата група, овој меч мора да се добие, -порача Канатларовски.

Собирот за репрезентативцитее закажан за 9 октомври во хотел Парк во Скопје.

На списокот од Канатларовски за дуелот со Молдавија се најдоа:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски – А.П. Брера

Стефан Митрев – Кожуф

Иван Николоски – Победа

ОДБРАНА:

Михаил Димитриевски – Брегалница

Стефан Деспотовски – Работнички

Решат Рамадани – Динамо Киев, Украина

Имран Фетаи – Кожуф

Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка

Виктор Крстевски – Гостивар

Марио Ричков – Шкупи

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов – Сондеријске, Данска

Хамза Рамани – Шкупи

Лука Станковски – Газиантеп, Турција

Алекс Златков – Шкупи

Димитар Тодоровски – Работнички

Матеј Ангелов – Работнички

Ване Крстевски – А.П. Брера

Берат Калкан – Каршијака, Турција

Бехар Фета – Марибор, Словенија

Методи Максимов – Шкендија

НАПАД:

Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија

Луан Абази – Шкупи

Христијан Малески – А.П. Брера

Треба да знаете
Последни објави