Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска изјави дека ги поканил претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и премиерот на Ерменија Никол Пашинјан на средба во Брисел за смирување на ситуацијата по вооружениот конфликт во Нагорно-Карабах и егзодусот на Ерменците.
Тој додаде дека средбата е планирана на крајот од месецот.
Алиев денеска не присуствуваше на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада, на кој требаше да се разговара за тензиите меѓу Ерменија и Азербејџан по азербејџанската блиц-офанзива во Нагорно-Карабах, поради која речиси сите Ерменци побегнаа од таму.
Советникот на Алиев, Хикмет Хаџијев посочи дека Азербејџан е подготвен за разговори со Ерменија со посредство на Европска Унија.
– Азербејџан е подготвен наскоро да учествува во Брисел на трипартитните состаноци меѓу ЕУ, Азербејџан и Ерменија, објави Хаџијев на платформата X