Дневна евтина тарифа за струја домаќинствата ќе почнат да користат од декември во периодот од 13 до 15 часот

Домаќинствата евтината дневна тарифа на електричната енергија ќе може да ја користат од 13 до 15 часот, одлучила Регулаторната комисија за енергетика. Оваа бенефиција граѓаните ќе започнат да ја користат од декември.

Информацијата ја обелодени претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

– Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина, соопшти Бислимовски.

Треба да знаете
Последни објави