Ирскиот премиер за политиката на Лондон – Британија се одвојува од светот

Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека е загрижен што Обединетото Кралство се „одвојува од светот“ и ја обвини политиката на Лондон дека се свртува кон себе со напуштање на ЕУ, за намалување на меѓународната помош и размислување за излез од договорот за човекови права.

Варадкар, пред средбата со британскиот премиер Риши Сунак во Гранада, за време на самитот на Европската политичка унија, рече дека тешко може да ја препознае Велика Британија.

На прашањето дали е загрижен за можноста Лондон да ја напушти Европската конвенција за човекови права, ирскиот премиер одговори „Да бидам искрен, сум загрижен“.

Британскиот државен секретар Суела Браверман ја навести можноста за излез од таа конвенција, која ја доведе во прашање нејзината целисходност.

„Британија и Обединетото Кралство ги сакам и им се восхитувам, тоа е земјата на Магна Карта, земјата која ја основаше парламентарната демократија и земјата која помогна да се напише Европската конвенција за човекови права. Ме вознемирува да гледам како Обединетото Кралство се одвојува од светот, без разлика дали го намалува буџетот за меѓународна помош, ја напушта ЕУ, па дури и размислува да се повлече од Европската конвенција за човекови права. Тоа не е Британија што ја познавам“, рече Варадкар, пренесоа британските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави