Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот.
Најавени се обраќања на претседателот на здружението „Вина од Македонија“; Светозар Јаневски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на црногорскиот министер за зeмјоделство Владимир Јоковиќ.
Настанот се одржува петта година по ред, а станува збор за значаен настан кој на едно место ги обединува домашните и регионални производители на вино од сортата вранец, вински есперти и љубители на виното.