Вечерта на 5 октомври 2007 година македонскиот народ ја памети по синергијата меѓу нашиот Тоше и фановите на Градскиот стадион во Скопје, на неговиот последен концерт кој беше во соработка со УСАИД и, секако, со хуманитарен предзнак, бидејќи тој со искреност и со страст помагаше на сите. Неслучајно беше именуван за Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ, при што го сними хитот ,,Овој свет” што стана химна на УНИЦЕФ.
Вечно сме благодарни за љубовта која ни ја даде, неговото легендарно „Ве сакам сите!” е длабоко врежано во нашите срца.
Те сакаме Тоше! Вечна слава!