Алкараз: На секој тренинг мислам на Ѓоковиќ, го сакам првото место на АТП листата

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска во Шангај изјави дека поради најдобриот светски играч Новак Ѓоковиќ се труди максимално на секој тренинг, бидејќи сака да ја заврши годината на врвот на АТП листата, пренесува Тенис ТВ.

Ѓоковиќ е прв на АТП листата со 11.545 бодови, додека Алкараз е втор со 8.715. Српскиот тенисер реши да ја пропушти турнејата низ Кина. Шпанецот играше на турнирот во Пекинг, каде беше елиминиран во полуфиналето од Италијанецот Јаник Синер.

„Нема да лажам. Ѓоковиќ е во мојот ум на секој тренинг. Тренирам со цел и одам на турнири со цел. Се обидувам да ја завршам годината како најдобар тенисер во светот, а на секој тренинг мислам на Ѓоковиќ“, изјави Алкараз.

Шпанскиот тенисер моментално се наоѓа во Шангај, а противник во второто коло ќе му биде Французинот Грегоар Барер.

Треба да знаете
Последни објави