Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска во Шпанија изјави дека ситуацијата во односите меѓу Белград и Приштина сега е многу полоша отколку на почетокот на јуни.
По пристигнувањето на самитот на европската политичка заедница во Гранада, Борел пред новинарите изјави дека денеска ќе разговара со претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Вјоса Османи, со цел да се намалат тензиите.
– Тие средби се одржуваат со цел да се намалат тензиите. Тука е претседателката Османи, тука е и претседателот Вучиќ. Разговаравме за ова (на самитот на Европската политичка заедница на 1 јуни) во Кишињев и истото ќе го направиме денеска. Но ситуацијата денес е многу полоша отколку во времето на самитот во Кишињев, рече Борел.