Од утре на сила ќе биде време режим на сообраќајот, кој води од Битола кон Националниот парк „Пелистер“.
Од Општина Битола соопштија дека времениот режим на сооbраќај се воведува заради почеток на градежните активностите за изградба на колектор за одведување на фекални отпадни води од локалитет „Бегова чешма“ до Национален парк „Пелистер“, во должина од 522 метри.
По завршување на оваа фаза од проектот, ќе следува реконструкција на дел од локален пат до село Магарево во должина од 537 метри, соопштија од Општина Битола.