Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Украина од почетокот на нејзината контраофанзива во јуни изгубила повеќе од 90.000 војници, 557 тенкови и околу 1.900 оклопни возила.
Тврдењето на Путин не е независно потврдено.
Путин повтори дека е „сигурен“ дека Русија ќе ги постигне своите цели во Украина, додавајќи дека нејзината мисија е да ја „денацифицира“ Украина.