Словенија во август извезла стоки во вредност од 3,7 милијарди евра, а увезла 4,8 милијарди евра, објави денеска Заводот за статистика на Словенија. Според претходно објавените податоци на веб-страницата на оваа организација, Словенија забележа трговски дефицит од 1,1 милијарди евра, што е највисок во нејзината историја од 1992 година. Словенечкиот извоз во август е намален за 11,4 отсто во однос на истиот месец лани, и во земјите од ЕУ – за 11,1 отсто, и во земјите надвор од ЕУ – за 11,8 отсто.
Вредноста на увозот остана на истото ниво од август минатата година, бидејќи падот на увозот од земјите на ЕУ за 13,4 отсто е покриен со растот на увозот од земјите надвор од ЕУ – за 16,7 отсто. Трговската размена со земјите-членки на ЕУ се намалува, но главни трговски партнери за Словенија и натаму се Германија и соседните земји.
Вредноста на словенечкиот извоз во првите осум месеци од годинава е 36,4 милијарди евра, а вредноста на увозот е 37,3 милијарди евра.