Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид одлучил да игра за репрезентацијата на САД на Олимписките игри во Париз следната година, јавуваат вечерва американските медиуми.
Ембид имаше опција да игра за Камерун и Франција, но на крајот реши да игра за САД. Тој неодамна разговараше со челниците на Француската кошаркарска федерација, кои на играчот на Филаделфија му дадоа рок до 10 октомври да одлучи за која репрезентација ќе настапува.
ЕСПН пренесува дека Ембид во текот на денот разговарал со извршниот директор на американската репрезентација Грант Хил и објавил дека се става на располагање на селекцијата на САД.
Американските медиуми пренесуваат дека кошаркарот на Мајами, Бем Адебајо одлучил да игра за селекцијата на САД на Олимписките игри во Париз.
Американскиот медиум потсетува дека Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурент, Ентони Дејвис, Џејсон Тејтум и Дрејмонд Грин најавија дека следната година во Париз ќе играат за САД.