Во Тетово денеска ќе се одржи трибина како дел од кампањата „Ние сме Европа“, на која ќе се обратат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, амбасадорот на Италија Андреа Силвестри и Пранвера Касами од Institute for Leadership and Public Policy – ILPP.
Настанот е дел од кампањата „Ние сме европа“ што се одржува во повеќе градови низ државата, под мотото „Саем на европски вредности“.
Како што соопшти СЕП, настаните се од информативен карактер и имаат за цел да го продлабочат дијалогот со граѓаните за можностите и придобивките кои ги нуди пристапувањето и членството во ЕУ.
На трибина во „Жена Парк“ во Тетово тема ќе биде членството во ЕУ и младите како перспектива за прогресивна иднина на државата.
Кампањата „Ние сме Европа“ предводена од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се реализира во осум градови низ државата и тоа: Тетово, Битола, Куманово, Охрид Скопје, Струмица, Прилеп и Штип, во рамки на што се организираат трибини и средби со граѓани, кои за секој од градовите, обезбедуваат информации и отвораат точки за дискусија на неколку теми и тоа: земјоделство, култура, енергетика, туризам, економија, млади, инфраструктура и социјала.