Египет увезол 2,031 милиони тони жито од Русија од почетокот на јули до септември 2023 година, што е за 9,1 отсто повеќе од една година порано, објави денеска Руската унија на извозници на жито.
На овој начин Египет стана главен купувач на руско жито во периодот од јули до септември.
На второ место е Турција, која за три месеци увезла 1,864 милиони тони жито од Русија, за 10,3 отсто помалку во однос на истиот период лани.
Третото место го зазеде Иран, минатогодишниот главен купувач, кој го намали увозот на жито од Русија за 24,7 отсто на годишно ниво, на 1,817 милиони тони.
Саудиска Арабија е на четврто место, а Либија е на петто место.
Во споменатите три месеци Русија извезла 18,18 милиони тони жито, што е за 61 отсто повеќе во однос на истиот период лани.