Европскиот парламент изгласа нов договор според кој до 2050 ќе се забранат најсилните стакленички гасови кои се користат во уреди како фрижидери, клима уреди и топлински пумпи. Станува збор за флуорирани гасови кои еколошката организација Гринпис ги има опишано како најштетни стакленички гасови. Наведените гасови имаат и до 25000 пати посилен ефект на климатските промени од јаглерод диоксидот.
Употребата на флуорираните гасови во Европската унија двојно нарасна помеѓу 1990-та и 2014-та година, но по 2015-та, кога се донесени нови еколошки законски мери, се почнува со намалување на нивната употреба. Според новиот закон, истите ќе бидат целосно забранети до 2050.
– Овие гасови имаат изразито негативен ефект врз здравјето на нашата планета и мораат да се исфрлат од употреба, изјави шпанскиот министер за околината, Тереза Рибера Родригез.
Законот треба службено да се потврди од Европското собрание, по што ќе стапи на сила.