Приведен маж од Битолско за намерно предизвикан пожар

Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола денеска го приведоа В.В. (54) од битолското село Лопатица.

Како што соопшти МВР, лицето е приведно по добиени оперативни сознанија за кривичното дело „предизвикување општа опасност“, односно намерно предизвикување пожар во село Лопатица.

По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена кривична пријава.

Треба да знаете
Последни објави