краинскиот парламент денеска одобри зголемување од 8,28 милијарди долари (303 милијарди украински гривни) на трошоците за одбрана до крајот на годината, соопштија пратениците.
Средствата ќе бидат додадени на овогодинешното буџетско финансирање за безбедносниот и одбранбениот сектор, во износ од околу 45,5 милијарди американски долари (1,67 трилиони гривни), што претставува 26,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата.
Роксолана Пидласа, претседателка на парламентарната комисија за буџет, на Фејсбук објави дека Врховната Рада (Украинскиот парламент) го одобрила предлог-законот за измена на државниот буџет за тековната година, со кој ќе се издвојат дополнителни средства за потребите на одбраната.
Според Министерството за финансии, 6,14 милијарди долари (225 милијарди гривни) ќе бидат искористени за финансиска поддршка на воениот персонал, а 2,13 милијарди долари (78 милијарди гривни) за набавка на воена опрема и други неопходни трошоци.
За измените на државниот буџет за 2023 година, кои се трети оваа година, потребно е одобрение од претседателот Володимир Зеленски.