Она за кое се говори веќе со години можно е да стане реалност од следниот месец, кога најпопуларните социјални медиуми би почнале со месечна претплата. Гласини дека апликациите на Мета, имено Фејсбук и Инстаграм, би почнале со употреба на ваков модел постојат некое време. Иако од компанијата на Марк Закерберг не ги потврдија гласините, нови извори тврдат дека компанијата навистина размислува за претплата на своите социјални мрежи.
Според Ројтерс, Мета би наплаќала 10 евра месечно за компјутерската верзија на Фејсбук и Инстаграм, со додатна цена од 6 евра за додатни поврзани сметки. На мобилните уреди оваа претплата би изнесувала 13 евра месечно, бидејќи Мета би морала да плаќа провизија на Епл и Гугл за трговија на нивните апликации. За оваа цена корисниците би добиле пристап до социјалните мрежи без реклами. Наводно, Мета ги има известено европските регулатори дека се надеваат ваква опција да започне во наредните месеци.
За воведувањето на претплата не размислуваат само од Мета; апликацијата ТикТок веќе започна со тестирање на сопствена верзија на претплата, која би изнесувала 4,99 долари месечно, што би ја направило апликацијата попристапна од платформите на Мета. Оние кои не е желни да ја плаќаат оваа сума ќе им се прикажуваат огласи кои сес персонализирани зависно од нивните активности на таа мрежа. Освен огласи, во последно време ТикТок ги диверзифицира приходите со ставање нагласок на тн. „ТикТок Шоп“, нивната платформа за онлајн купување.
Некои платформи како X на Илон Маск веќе уведоа претплатнички модел, каде што нагласокот се става не на огласите, туку достапноста на различни опции за корисниците, а Маск дури и ја има спомнато можноста за задолжителна претплата за сите корисници.