50-годишен маж од околината на Штутгарт освоил 2 милиона евра на лотарија во Август, погодувајќи шест точни броеви. Но, наместо веднаш да ја подигне својата добивка, лото ливчето го сместил во ормар и на никому не рекол ништо.
По неколку дена тој сепак се јавил во лотаријата, ги известил дека го имал добитното ливче, но рекол дека му треба уште време за да размисли што ќе прави со парите.
– Добитникот има семејство, тој е татко, но ни пренесе дека првобитно сака да продолжи со својот досегашен живот, да работи, а потоа на мир ќе размисли што да прави со парите, рекоа од лотаријата.
Кога добитникот планира да ја подигне својата добивка, не е познато.