Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации (ОХЦХР) денеска назначи теренски тим да го истражи рускиот напад врз украинското село Хроза, при што загинаа најмалку 52 лица.
– Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, кој лично ги виде ужасните последици од таквите напади, е длабоко потресен и ги осудува овие убиства, изјави портпаролката на ОХЦХР, Елизабет Тросел.
Таа додаде дека Тирк распоредил теренски тим на локацијата за да разговара со преживеаните и да собере повеќе информации.